Како началник, приоритет ми е да го сузбиеме насилството, за што лично  преземам одговорност и ќе направам се за да се справиме со насилниците, изјави на денешната предновогодишна средба со охридските новинари, вршителот на должност началник на СВР- Охрид, Зоран Сарафилоски .


Сарафилоски најави дека со жестоко темпо ќе продолжат и активностите за сузбивање на тешките облици на кршење на јавниот ред и мир.

– Ќе бидам присутен на терен, ќе ги согледувам состојбите, ќе преземам мерки, а при тоа ќе нема прикривање на фактите. Ќе бидеме објективни и секогаш достапни за медиумите и јавноста, рече Сарафилоски.

Т.К.