Женската ракометна репрезентација ќе добие од државата парична награда во износ од 15.000 евра за пласманот на Светското првенство во ракомет што ќе се одржи во декември во Париз, соопшти денеска Агенцијата за млади и спорт.

Директорот на агенцијата, Ивица Георгиевски, најави дека  ракометарките  ќе добијат и комплетна спортска опрема од светски позната марка што тие самите ќе ја изберат, а со цел што подобро да се афирмира Македонија на Светското првенство во Париз.

Женската ракометна репрезентација го обезбеди учеството на Светското ракометно првенство откако во баражот беше поуспешна од  Белорусија.