Шеста година по ред, најдобриот ракометар во нашата земја Кирил Лазаров заедно со големата екипа, своето знаење и искуство ќе им го пренесуваат на 400 дечиња-учесници на Ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“. Бројот на учесници пополнет беше за рекордно време, што е најава за нова успешна ракометна приказна покрај Охридското езеро.

  • Официјално пријавувањето за шестиот ракометен камп на капитенот е завршено. Како што беше очекувано, за само 20 дена од првичната објава за пријавување на шестиот камп капацитетот од 400 кампери се исполни. Интернационалноста оваа година ја даваат учесниците од Шведска, Данска, Холандија, Србија, Босна, Хрватска, Австрија, Романија, Германија, Словенија и Шпанија. Секако најголем број на учесници има од Македонија, што беше и првичната идеја на Лазаров од првиот камп во 2015, да учествуваат само деца од татковината. Но неговата ракометна големина од година во година го зголемува бројот на странските деца и земјите од кои тие доаѓаат. – се вели во соопштението од Кампот.

Ракометниот камп на Лазаров и оваа година ќе се реализира во две смени. Првата е од 19 јуни до 25 јуни додека втората од 25 јуни до 1 јули. Локацијата е иста, прекрасниот комплекс на Хотел „Аквалина“, кој се наоѓа на брегот на Охридското езеро. Како и во изминативе пет години 24 часовното присуство на Лазаров во тие 14 дена е причина плус за големиот интерес да се биде дел од кампот

OhridNews