Европската унија и САД остануваат на ставот дека аболицијата треба да се повлече целосно, а не да биде селективна, објави „Утрински Весник“.

Според еврокомесарот Јоханес Хан селективното повлекување на аболицијата не е доволно.

„Одлуката на Иванов за делумно повлекување на амнестијата не е доволна. Потребно е сеопфатно решение“, порача еврокомесарот Јоханес Хан на Твитер.

Американската амбасада, исто така социјалните мрежи, реагира дека парцијалните и селективни поништувања на амнестија ќе придонесат кон растечко чувство на неказнивост во земјата.

„Македонија мора да го реши ова прашање сеопфатно“, наведува амбасадата на САД во земјава.

OhridNews
Извор:„Утрински Весник“