Намалувањето на темепратурата на воздухот за неколку степени и засилениот ветар кој деновиве дува од североисточен правец доведе до намалување и на температурата на водата во Охридското езеро, која летово достигна рекордно високи температури.
За само три дена таа е пониска за околу два целзиусови степени, односно од измерените 27,3 степени пред три дена, последните податоци покажуваат дека температурата на водата е 25, 8.
И покрај коментарите дека водата во езерото е поладна, охридските плажи се полни со капачи кои се релаксираат и забавуваат.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com