Секој 21 март се одбележува Светскиот ден на поезијата. Во таа чест втора година по ред НУ Библиотека „Григор Прличев“ и кафетеријата „Аквариус“, утре, ќе го организираат настанот: „Напиши стих–купи кафе“.

Во кафететријата „Аквриус“ во Охрид  од 10 до 14  часот секој којшто ќе напише стих ќе добие бесплатно кафе. Од напишаните стихови Комисија составена од библиотеката и кафетеријата ќе ги одбере трите најдобри и авторите ќе ги награди со книги.

Со тоа НУ Библиотека „Григор Прличев“ и „Аквариус“ се приклучуваат приклучувајќи на глобалната иницијатива, каде што со неколку ваши, кратки строфи можете да купите кафе.

Најважно е да се дружиме, да бидеме креативни и да покажеме дека чувствата се повредни од парите. Секој е добредојден и уште отсега му се радуваме на вашето присуство, велат организаторите на овој несекојдневен настан.

OhridNews