Во време кога лошите пороци го надвиснуваат спортот и неговиот благодет, стативите на спортскиот терен на Основното училиште „Братство Единство“ подолго време стојат заклучени за оградата од стадионот.

Ohridnews неколку пати се обиде да разговара со надлежните во школото, но никој не сакаше да коментира за ваквата одлука.

Учениците од О.У. „Братство Единство“ часовите по Физичко образование и култура ги држат токму на стадионот, а ракомет или мал фудбал играат на стативи од камења.

По завршување на наставата во училиштето, стадионот често беше посетуван од рекреативци кои го минуваа слободноте време играјќи во вечерните часови под рефлекторно осветлување.

Ohridnews