Од предвидените средства, најголем дел или 4 милиони и 170 илјади денари ќе се потрошат за поставување на Хоризонтална сообраќајна сигнализација. Тука спаѓаат активностите за осовинско бележење на патишта со бела боја,бележење на пешачки премини со бела боја, обележување на коловозни стрелки, обележување на автобуски и такси постројки со жолта боја, одржување електрична семафорска сигнализација, бојадисување на сообраќајни површини со ладна пластика и други активности.
За поставување на вертикална сообраќајна сигнализација се планирани 3 милиони и 160 илјади денари, од кои најголемиот дел ќе се потрошат за набавка и поставување на маркери и светлосни сообраќајни знаци. Исто така ќе се врши замена на сообраќајните знаци со нови, а ќе се поставуваат и бројачи на сообраќај и сверни огледала.
Покрај хоризонталната и вертикалната сигнализација, ќе бидат поставени и забавувачи на сообраќај и заштитни огради, за што се предвидени вкупно 1 милион и 170 илјади денари.