Традиционално, по повод Велигден, најголемиот производител на леб и печива АД „Жито леб“ Охрид, во сабота, во сите свои продажни места и колонијални продавници, во промет ќе пушти празнични погачи со јајце од половина килограм. Исто така потрошувачите ќе можат да се снабдат и со козуњак и штрудла со мак и мармалад.
Од компанијата информираат дека млечните ресторани на АД „ Жито леб“, за велигденските празници ќе работат со скратено работно време. Млечниот ресторан кај гимназијата денеска , Велики Петок, ќе работи до 19 часот, во сабота од 5 до 17, во недела од шест до тринаесет, а во понеделник од шест до четиринаесет часот.
Млечниот ресторанат кај чинарот денеска ќе работи до 17.30 часот, во сабота од 6 до 17, во недела од 7 до 13, а во понеделник од 7 до 15. Млечниот ресторан кај градската автобуска станица денеска ќе работи до 18 часот, во сабота од 5 до 17, во недела од 6 до 13, а во понеделник од 6 до 14. Ресторанот во населлба Охридати денеска ќе работи до 16.30 часот, во сабота од 8 до 15, во недела од 8 до 14 и во понеделник од 8 до 15 часот.
OhridNews