По повод празникот Воскресение Христово – Велигден, МК на ВМРО-ДПМНЕ Велгошти и оваа година го организира традиционалниот Велигденски фудбалски натпревар помеѓу екипите „Стари“ и „Млади“.

Натпреварот претставува симбол на заедништво, дружење и почитување на долгогодишната традиција која ги обединува сите генерации во Велгошти, велат организаторите.

Ревијалниот фудбалски натпревар ќе се одигра во понеделник, на 13.04.2023 година (втор ден Велигден), со почеток во 11:00 часот, на фудбалското игралиште „Тодор Александров“ во с.Велгошти.

Ги повикуваме сите љубители на спортот, како и сите „млади“ и „стари“, да се приклучат и да бидат дел од оваа убава празнична традиција. Ве очекуваме заедно да создадеме уште една незаборавна велигденска атмосфера исполнета со спортски дух и позитивна енергија!

OhriNews