Во Охрид денеска ќе преовладува сончево и топло време. Максималната дневна температура ќе достигне до 26 степени Целзиусови.

На места попладне ќе има локална појава на нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

И во наредните денови ќе имаме топло време претпладне, а попладне нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е изолирана појава на невреме со град, соопштиу Управата за хидрометеоролошки работи.

OhridNews