Денеска ќе преовладува претежно сончево време, попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот значително облачно со умерен до засилен северозападен ветер. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 20 степени Целзиусови, информира УХМР Македонија.

Во сабота ќе има локален дожд и ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе предизвика пад на дневната температура за околу 8 степени. Во недела преку денот ќе биде стабилно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекува заладување со засилен ветер и врнежи од дожд и снег на планините.

OhridNews