Мотивот поради кој најголемата владејачка партија се одлучи да оди на предвремени парламентарни избори е неоснован, па дури и опасен смета ВМРО НП.

„Да се одбере за главна цел намерата да се исфрли мнозинската албанска партија од власт за ВМРО-Народна партија е апсолутно неприфатливо и заради тоа искажуваме огромна загриженост за последиците по иднината на Република Македонија. Повикување на ваква Македонска национална мобилизација немаше ниту во раните 90 години па дури ни за времето на воениот конфликт кога се внимаваше да се избегне ваквата реторика. ВМРО-ДПМНЕ за глас повеќе си дозволува да употреби воинствен речник со кој ќе успее да убеди некој македонски патриот да гласа за нив, но крајниот епилог на ваквата бесмислена порака неможе да биде корисна за иднината на Република Македонија.“- соопшти ВМРО НП.

Критики кон најголемата владејачка партија ВМРО-Народна партија упати и за собирањето потписи за кандидатурата за претседател на Ѓорѓе Иванов.

„Илјадници луѓе принудени со закана по своите работни места или за собирање на ситни поени за вработување мораа да чекат со часови уплашено криејќи го својот гнев од нехуманиот гест на партиските војници на ВМРО-ДПМНЕ. Најмакедонската партија во Република Македонија на ваков начин најмногу го понижи својот сопствен народ.“-се вели во соопштението на ВМРО НП.

OhridNews