Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи, за време на претстојниот викенд, празникот Богојавление и Денот на рибарите, времето ќе биде претежно облачно и студено.

Во сабота по котлините ќе има магла и ниска облачност, а во останатите делови ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во југоисточните делови ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во недела, На празникот Богојавление-Водици, се очекува значително облачно време, на повисоките места и планините со услови повремено да провејува слаб снег. Кон крајот на денот ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во Охрид ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Максималната температура ќе биде 5 степени, а минималната -3.

Слично време не очекува и во понеделник, на одбележувањето на Денот на рибарите.

OhridNews