ЈП Билјанини Извори по повод големиот христијански празник Богојавление–Водици, донесе одлука на ден 19-ти јануари, петок, користењето на услугите на јавниот градски простор со кој стопанисува, да биде бесплатно за сите нејзини корисници од 8 до 15 часот.

Одлуката е донесена се со цел да се придонесе кон се подобрата организација на настанот и воедно да им се овозможи на граѓаните на Охрид и на гостите да присуствуваат, велат од јавното претпријатие.