Второто пријавување и запишување на учениците во средните јавни училишта ќе се врши на 28 јуни 2018 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 29 јуни 2018 година.

Конкурсот за запишување ученици за гимназиско образование, меѓу другите, е завршен во:  СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на македонски наставен јазик; како и во СОУ „Нико Нестор“ – Струга за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на македонски наставен јазик.

Конкурсот за запишување ученици е завршен за електротехничка струка во: СОУ „Нико Нестор“ – Струга за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик.

Второто пријавување и запишување на учениците во средните училишта во кои има слободни места ќе се врши на 28 јуни 2018 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 29 јуни 2018 година.

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок се врши на 23 август 2018 година, а резултатите од запишувањето на учениците ќе се објават на 24 август 2018 година.

OhridNews