По повод празникот Св. Наум Охридски Чудотворец, зимски, во понеделник, 5 јануари, бродовите „Александрија ќе пловат до манастирот на светителот по симболична цена за поврарен билет од 250 денари, во двата правци.
Тргнувањето за Св. Наум е од градското пристаниште во Охрид во 7:45 часот, а сатницата на враќање ќе биде соопштена во тек на пловидбата.
Карти за бродовите „Александрија“ за празникот Св. Наум може да се купат на Градското пристаниште, утре, недела, после 10 часот.
Г.М.












