Икона. Жива легенда. И двете дефиниции важат за Марко Бејли, самоук диџеј и продуцент чија кариера започна да се развива кон крајот на 80-тите, откако присуствувал на забава во локален клуб во неговата родна Белгија каде бил целосно заведен од ритамот на денс музиката. Тогаш сè се промени. Бејли носи одлука наместо на подиумот да биде зад диџеј пултот. Оттогаш, тој го посвети својот живот на музиката. Три децении подоцна, тој е познат како уметник кој постојано го турка техното на следно ниво, преку продуцирање на свои песни и сопствената издавачка куќа MB Elektronics (основана во 2001 година). Патува низ целиот свет приредувајќи незаборавни забави со беспрекорен избор на музика и уште побеспрекорна техника. Кога на една ноќ ѝ е потребна доза на моќни битови и длабоко интензивна атмосфера, „негово“ е името што треба да се повика. Токму Марко Бејли во сабота во клубот Rebel во Охрид ја затвора летната сезона со забава која не смее да се пропушти.

Во пресрет на забавата на летото во Ребел Марко Бејли испрати порака до фановите во Охрид.

Здраво прекрасни луѓе од Македонија. Се гледаме во сабота, 23 август, во Ребел Охрид каде викендите секогаш се одлични. Летото речиси изминува затоа не пропуштатјте ја забавата со која се затвора летната сезона во Ребел! – им порача на фановите Марко Бејли.

По настапите на сите континенти Марко Бејли претстојниот викенд ќе настапи во Охрид ставајќи ко клубот Ребел на мапата со најдобри места за забава ова лето.

OhridNews