Со „Игрите без граници“ кои со најмладите охриѓанчиња, вчера и денес се одржаа на Градскиот плоштад, во Охрид започнаа активностите од проектот „Од 20-ти до 20-ти – СИТЕ ВО ОХРИД“. Водител беше познатиот Радио и Тв водител Жанко ЗШ Голабоски, а најмладите се забавуваа и со Дедо Мраз и со музиката на Дџ. Како што најавија организаторите, на гостите оваа година им се нуди нов концепт за прославување на празниците.

– Ќе има 30 дена забава, на пет сцени. Ќе уживаме во „Чоколадниот новогодишен свет“. „Игрите без граници“, театарски претстави и изложби на отворено, трки на Дедо мразовци и келнери, ден на виното, најдобрите графити и многу други настани, информираат организаторите.

Програмата за викендов предвидува старт на сегментот „Од СРЦЕ за Охрид“, кој ќе се одвива во посебно направената куќичка на самиот плоштад. Гостин во сабота и недела ќе биде Дедо мраз, а ќе настапат децата од детските фестивали. Дџ ќе пушта одбрана музика, а ќе има и подароци за дечињата. Водител ќе биде Александра од Супер радио, а ќе има и многу изненадувања за најмладите.

Во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти – СИТЕ ВО ОХРИД“ во сабота, 23-ти декември, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, во организација на OhridNews ќе се одржи Културно забавната манифестација „Зимска бајка 2017“.

Во недела, Дедо Мраз, ќе пристигне на охридскиот аеродром каде ќе бид едочекан од децата од градинките.

OhridNews