Во рамки на проектот од „20-ти до 20-ти во Охрид“, денес, на првиот ден од Божик, предвидени се низа содржини кои ќе го привлечат вниманието на охриѓани и бројните гости во градот. За најмладите забавата е со Чоколадниот новогодишен свет кај Чинарот и на главната сцена на градскиот плоштад каде од страна на маркетите Тамаро ќе се делат и новогодишни пакетчиња.

На главната сцена вечерва е предвидена посебна вечерна новогодишна програма. Од 19 до 20 часот музика ќе пушта ДЏ, а потоа предгрупа Охрид Супер Стар.
Настапот на Ѓоко Танески е предвидено да започне во 20.30, а публиката ќе може да ужива во музиката на Сергеј Четковиќ од 21.10 до 22.30 часот.

Водител на програмата е Жанко ЗШ Голабоски.

OhridNews