На 27.01.2013 година се одржаа два натпревари во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма и тоа: контролен натпревар на позив на Селекторот на МССФ Стеван Крстевски во Скопје и Меѓународен турнир по повод ослободувањето на Врање од турското ропство.

Контролниот натпревар помина со пропусти од причина што ова е прв натпревар што се организира по новите правила на Интернационалната спортска стрелачка федерација што стапија на сила од 01.01.2013 година, па за жал кај нас беа погрешно протолкувани и тоа токму на штета на охридските стрелци бидејќи беа први на распоредот за гаѓање. Имено наместо во времето наменето за проба и припрема, на нашите стрелци пробните дијаболи им беа вклучени во времето за меч кој сега трае 50 мин. за жени и 1 и 15 за мажи, што секако многу го пореметува ритамот на гаѓањето на стрелците. Резултатите се следни:  Балабан Нина 380 круга, Михаил Шишкоски 559, Верица Гоџоска 367.

За разлика од тоа пак,(со исклучок на техничките пречки кои ги имаа нашите стрелци и каснењето заради формалности на граничниот премин), натпреварот во Врање помина одлично, репрезентативците на Србија кои се вратија од меѓународниот натпревар во Минхен, ги споделија со нашите стрелци искуствата од имплементирањето на новите правила на ИССФ, за потоа да си ги одмерат силите на огнената линија.

Успех на нашите стрелци : Нина Балабан прво место во категорија на јуниорки со 381 круг, Верица Гоџоска трето место во истата категорија со 373 круга, Кирил Миленкоски во категорија на јуниори го зазеде третото место со резултат од 362 круга.

Пехари и за најдобрите резултати на натпреварот им беа доделени на првите тројца и тоа во апсолутна категорија, каде Нина Балабан, во конкуренција со Милош Тасич и Стефан Александровски, репрезентативците од Србија го освои пехарот за трет резултат на натпреварот.

Ohridnews