Охриѓанката Александра Заричин го освои фантастичното шестто место во класата 470 на регатата која се одржуваше во Џенова, Италија.

Заричин која едри за италијанскиот клуб Милано во силна конкуренција од 74 учесници успеа да постигне забележителен резултат. Оваа регата која е една од најмасовните во Италија се бодува за светската ФИВ листа.

М.П.