Поради интензивни врнежи од снег на планиските премини Маврово и Стража воведена е забрана за движење на тешки товарни возила, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, додека на планинските превои во западниот дел има остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните екипи. Слаб снег провејува на планинските превои Стража, Маврово, Буково и Попова Шапка.

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

OhridNews