Владата на денешната на 18-та седница донесе повеќе одлуки и заклучоци кои се однесуваат на мерките за спречување и заштита од ширењето на коронавирусот, меѓу кои и забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор во текот на целиот ден.
Владата на денешната седница донесе одлука за забрана за собирање во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или каде било на отворен простор и наместо по 21:00 часот забраната ќе трае во текот на целиот ден, цела седмица и со точно дефинирани исклучоци од оваа забрана, информираат од Владата.

Беше одлучено и Министерството за одбрана, за потребите на Министерството за здравство во справување со последиците од заразната болест Ковид-19 за определен временски период да отстапи одреден број санитетски возила, соопштуваат од Владата.
OhridNews











