Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – Г.П. Ќафасан, информираат од АМСМ.
Посочуваат дека на магистралниот патен правец А3 Битола – Ресен на самиот влез на градот Ресен поради обилни врнежи од дожд и можно излевање на Голема Река, на учесниците во сообраќајот им се се препорачува крајно внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Исто така на патниот правец Р1307 Царев Двор – Стење поради обилните врнежи од дожд и можно излевање на локалните реки се препорачува крајно внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот, додаваат од АМСМ.
OhridNews












