Поради изведување на градежни активности за асфалтирање на улицата „Ѓорче Петров“ утре и во среда ќе има забрана за паркирање на оваа улица, информираат од Општина Охрид.

Забраната е на потегот од крстосницата со улица „Марко Несторовски“ до пресекот со уличниот крак кој води кон станбениот комплекс „Христо Узунов“, велат во соопштението.

Воедно, упатуваат молба до жителите од овој дел на градот да ја почитуваат забраната за паркирање и да ја намалат фреквенцијата на сообраќај на овој потег, додека траат градежните активности.

OhridNews