Како што објави „Фајненпл експрес“, Врховниот  суд на им забрани на индискиот милијардер Субрата Рој и на директорите на неговите компании да продаваат каков било имот до наредната одлука, пренесува телевизија Телма.
 
Судот својата одлука ја темели на фактот дека ,„Сахара груп“ до претходно поставениот рок 28 октомври не ги доставил тапиите за имотот до Регулаторната комисија „Себи“, чија вредност се цени на  околу 4 милијарди долари, од што би требало на инвеститорите да им се вратат нивните побарувања .

– Нашиот налог не е испочитуван. Најпрво треба да ги депонирате тапиите за имотот, а потоа ќе донесеме одлука за сослушување, му соопштил Судот на адвокатот на „Сахара Груп“.
 
Пред три недели Врховниот суд го предупреди Субрата Рој и неговите соработници дека ќе им биде забранет излез  од државата доколку не ја спроведат судската одлука.

OhridNews
извор:Телма