Во вторник, 27 октомври, ќе се врши хоризонтално обележување на кружниот тек помеѓу улиците „Железничка“, „Егејска“ и „Будва“, поради што на сила ќе биде посебен сообраќаен режим, информира локалната самоуправа.
За реализација на овие активности, во временскиот период од 08:30 часот до 12:00 часот, улицата „Железничка“ на потегот од клучката за влез во Охрид од насока на Струга до кружната крстосница кај „Здружение на возачи“ ќе биде целосно затворена за сообраќај. Возилата ќе се пренасочуваат кон булевар „Туристичка“ од една страна и улицата „7-ми Ноември“ од друга страна. – соопшти локалната самоуправа.

OhridNews












