Според најновите информации од АМСМ, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива тековно, во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег.
Воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Струга – Ќафасан и на планинскиот превој Стража. Посебна внимателност во возењето на патниот правец Дебар – Струга поради појава на одрони. До сите возачи се препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата.
Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини. На граничните премини не се забележани подолготрајни задржувања.












