Од 05:00 часот сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар е во прекин за тешки моторни возила. Од 05:45ч. поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, информираат од АМСМ.

Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 40м. има на патниот правец Тетово – Попова Шапка и до 50м. на планинскиот превој Плетвар.
OhridNews
фото. Архива











