Од 6.30 часот утрово, воведена е забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Маврово-Дебар, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На повисоките места има остатоци од кашест снег.Снег со слаб интензитет провејува во Дебар, Маврово, Стража, Пресека и Струга. кој во моментов не се задржува на коловозот.
Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
OhridNews