Според најновите информации од Авто- мото сојузот на Македонија, поради врнежи од снег и остатоци од снег на коловозот, воведени се забрани за движење на тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Стража – Кичево, Гостивар – Маврово – Дебар, Охрид – Буково – Ресен, Битола – Ѓавато – Ресен, Струга – г.п. Ќафасан, Росоман – Плетвар – Прилеп и Кичево – Мак. Брод – Прилеп.

 Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива отежнато и забавено во зимски услови, по влажни и лизгави коловози, особено во западниот дел од државата каде се бележат врнежи од снег. До сите возачи се препорачува  исклучително внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. Поголема внимателност се препорачува на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. Поради ниските утрински температури на повисоките планински и осојничави места има појава на голомразица.

OhridNews