Како што информираат од Авто- мото сојузот на Македонија, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во земјава се одвива тековно без забрани, по чисти, но влажни коловози поради врнежите од дожд. Провејува слаб снег на Попова Шапка, Маврово, Буково и Крушево кој не се задржува на коловозите. Поради обилни врнежи од снег, од 10 часот утринава, од кракот Маврово кон Дебар и обратно стапи во сила забрана за тешки товарни возила. Според најновите информации од АМСМ, забрана за движење на тешки товарни возила има и на Стража.

На возачите им се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење по влажните и лизгави коловози и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особена внимателност низ клисурите и планинските превои поради честата појава на поситни одрони. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. На граничните премини за влез и за излез од државата не се бележат подолги чекања од вообичаеното.

OhridNews