Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива во зимски услови и по влажни коловози поради врнежите од дожд и снег. Се препорачува исклучително внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот, особено на повисоките места каде поради врнежите има остатоци од снег по коловозот. Се препорачува поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите.