Според најновите информации од ЈП Македонијапат, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива во зимски услови. Во западниот и југозападниот дел од државата на планинските премини врне снег,а во останатите делови врне дожд.  Забрана за тешки товарни возила има на патниот правц кракот Маврово-Дебар. По клисурите и засеците можна е зачестена појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија-Удово и Катланово-Велес.

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен, редовно ги контролират и одржуваат проодни сите патни правци, информираат од АМСМ.

OhridNews