Порадите интензивните врнежи од снег, на планинскиот премин Стража од 18:30 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила.

Како што информираат од ЈП „Македоснки пат“, од 20:20 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и на кракот Маврово-Дебар.

Исто така, на патниот правец Тетово-Попов Шапка воведена е забрана за тешки товарни возила и автобуси, додека за останатите возила задолжително е поседување на зимска опрема.

Инаку, сообраќајот на сите државни патишта низ Македонија се одвива отежнато и во зимски услови поради врнежите од снег. Движењето е многу забавено поради остатоци од снег на коловозите, апоради ниските температури во текот на ноќта можна е појава на голомразица.

OhridNews