
-Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива делумно отежнато по влажни коловози и со наместа остатоци од снег на повисоките планински превои. На сите возачи им препорачуваме крајно внимателно да ги управуваат своите возила и да ја прилагодат брзината на движење спрема условите на патот. Особена внимателност низ клисурите каде е почеста појавата од поситни одрони. Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини, информираат од АМСМ.












