Ограничувањето се однесува на периодот од 11.00 до 18.00 часот секој ден и важи за целата водена површина на Охридското, Дојранското и Преспанското Езеро, а е со времетраење до 20 август.
Ова ограничување на пловидбата на скутерите е согласно Одлуката на Владата на Република Македонија која лани беше донесена заради безбедност на капачите и заштита на животната средина на природните езера и не важи само за скутерите кои се наменети за службени потреби за вршење на инспекциски, царински и полициски надзор.
За сите граѓани кои нема да ја почитуваат одлуката, пропишани се и санкции, а висината на глобата што ќе треба да ја плати прекршителот изнесува 2.000 – 3.000 евра во денарска противвреднсот за правни лица, 500 – 1.000 евра во денарска противвредност за трговец-поедниец и 300 – 500 евра во денарска противвредност за физички лица.