Строгата забрана за полови односни на фудбалерите на ЦСКА Москва пред одлучувачкиот меч на Енфилд против Ливерпул од клупската докторка Викторија Гамеева не се покажа како добар потег, откако рускиот колектив беше декласиран со 7-0.

ЦСКА Москва која воопшто не` наликуваше на себе поради високиот пораз од Ливерпул се збогува со Лигата на Шампиони и мечевите на европската сцена ќе ги продолжи во Лигата на Европа.

Можеби исходот на мечот ќе беше друг, ако клупската докторка не беше толку строга кон фудбалер и им дозволеше „слободен ден“ во креветот со поубавата половина.

OhridNews