Од АМСМ информираат дека забраната за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево, преку планинскиот премин Стража е укината.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, додека на некои повисоки места и на автопатот Демир Капија-Гевгелија има остатоци од кашест снег.

Магла со видливост до 50 метри има на планинскиот премин Плетвар.

OhridNews