Ден после истекувањето на суспензијата за трансфери од ФИФА, Атлетико Мадрид ги промовираше Диего Коста и Витоло како свои членови пред гледачите на „Ванда Метрополитано“ стадионот.

Диего Коста кој се враќа во Мадрид после три години од стартот на сезона тренираше со „јорганџиите“, додека Витоло есенската полусезона ја мина како позајмен фудбалер во Лас Палмас.

Со овие двајца фудбалери Атлетико Мадрид ќе добие уште повеќе квалитет во нападот кој оваа полусезона преставува најголем проблем за Диего Симеоне.

„Јорганџиите“ забрана за трансфер од ФИФА добија поради нарушувањето на финанискиот фер плеј и купувањето на фудбалери под 18 години.

OhridNews