На 16-ти декември, сабота, во период од 09 – 13 часот на ул. „Гоце Делчев“ на потегот од крстосницата помеѓу ул. „Абас Емин“ и ул. „Гоце Делчев“ до крстосницата помеѓу ул. „Гоце Делчев“ и ул. „Пирин Планина“, ќе се изведуваат градежни работи околу санација и реконструкција на тротоарот. Поради тоа овој дел на улицата „Гоце Делчев“ ќе биде забранет за секаков вид на сообраќај, информира локалната самоуправа.
Надлежните општински служби, на крстосницата помеѓу ул. „Абас Емин“ и ул. „Гоце Делчев“, ќе постават соодветна сообраќајна сигнализација.
OhridNews












