Францускиот парламент го усвои законот за употреба на мобилни телефони во основните училишта, што беше едно од предизборните ветувања на францускиот претседател Емануел Макрон.
Законот ја забранува употребата на мобилни телефони, таблети и други електронски уреди поврзани со интернет во училиштата, а исклучок ќе има за време на вонучилишните активности или употребата на уредите кај децата со посебни потреби.
Со францускиот закон што беше усвоен во 2010 година веќе беше забранета употребата на мобилните уреди за време на училишните активности, но повеќето од училиштата правеа исклучок и не се придржуваа кон забраната.