По извршените анализи на ЈЗУ „Центар за јавно здравје Охрид“ од изворите во селата Елшани и Велестово, донесено е решение со кое се забранува водата да се користи за пиење, информираат од Општина Охрид.

Лабораториските анализи покажеле присуство на Е.coli и Колиформни бактерии. Се задолжуваат месните заедници во Елшани и Велестово да постават јасно и видливо предупредување дека водата не е за пиење, посочуваат во соопштението.

OhridNews