Полицискиот билтен во последниот период го полнат инциденти поврзани со нарушување на јавен ред и мир. Два такви се случиле во текот на ноќта и вчерашниот ден.

На 19 мај во 14 часот, во близина на Авто кампот „Ливадиште“ кај Струга, нарушен бил јавниот ред и мир со физички напад извршен од 68-годишен жител на Струга врз 38-годишно лице од селото Радожда. Тоа се здобило со телесни повреди констатирани во Општата болница во Струга.

Напаѓачот е повикан во полициска станица и против него ќе биде поднесена пријава, соопшти СВР Охрид.

Во друг инцидент кој се случил ноќеска во 1 часот и 40 минути, во близина на угостителски објект во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од 19-годишно лице врз врсник, двајцата од Охрид.

Во видно алкохолизирана состојба, напаѓачот е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира СВР Охрид.

OhridNews