Жители од стариот дел од градот укажуваат дека деновиве се почесто можат да се забележат одрони во овој дел од градот, кои се резултат на топењето на снегот и температурните промени, но и несовесното однесување на поединци.


Граѓаните апелираат надлежните да превземат мерки пред да дојде до несакани последици и некој да биде повреден.


Од локалната самоуправа веќе најавија дека ќе биде поставен предупредувачки знак за одрони кај Мостот на желбите и дека карпата која се надвиснува над мостот дополнително ќе биде санирана.  

OhridNews