Граѓаните кои имаат намера да престојуваат во странство подолго од три месеци се должни да го пријават заминувањето вон границите од земјава. Согласно членот 8 од Законот за пријавување на живеалиштето, должни се да се пријават и малолетните деца доколку патувуаат со своите родители.

Раководителите на смена на барање на граѓаните, ќе издаваат образци за пополнување. Оние кои се враќаат од странство, исто така се должни во рок од три дена по своето пристигнување  да се пријават кај надлежните.

На лицата ќе им се дава потврда од страна на Министерството за внатрешни работи, а образецот е пропишан со Правилникот за пријавување и одјавување на живеалишта и престојувалишта на граѓаните.

OhridNews