Системот за за мобилен интернет „Старлинк“ на „Спејс-Икс“ се покажа како „огромен успех, и исполнување и надминување на целите“ на пробите засега, според компанијата. Се говори за напредокот во тестирањето на новата технологија „Дајрект-ту-сел“ што користи за пренос на податоци преку сателит во Вселената и испраќање до мобилните телефони на Земјата.

„Спејс-Икс“ и на мрежата „X“ прикажа некои од своите успешни тестови, коишто овозможија брзина на преземање од 17 Мбпс. Стручњаците во „Спејс-Икс“ ја испробаа технологијата во Редмонд, Вашингтон, па во Маунтин Вју, Калифорнија и Канзас Сити, Канзас, во САД.

Меѓу другите резултати, сателитите можеа да комуницираат со повеќе модели на немодифицирани уреди на ‘Самсунг’, ‘Епл’ и ‘Гугл’ користејќи го спектарот ‘ПЦС Г-блок’ на ‘Ти-мобајл’ во урбани и рурални области, внатре и надвор, како и под ведро небо и под дрвја. Овие уреди комуницирале за време на минување на сателитот и немало пречки, соопшти „Спејс-Икс“.

Занимливо, мобилната „Старлинк“ технологија ќе пренесува интернет-податоци и на мобилни телефони во затворен простор. Подробностите сѐ уште не се достапни, но „Спејс-Икс“ ја тестираше сателитската технологија во рамките на максималната дозволена моќност, или „количината на енергија што ја емитува предавателот што е присутна по единица површина“, како што ја нарекуваат стручњаците во компанијата.

Ова им овозможи на уредите да комуницираат со сателити дури и кога се под дрвја или внатре (во куќа, иако услугата ‘Дајрект-ту-сел’ е дизајнирана за надворешна употреба) до агол на височина од 25 степени, се додава.

Соперничките компании се загрижени дека сателитите „Старлинк“ ќе предизвикаат радио пречки, но немаше такви во овие два месеци дневно тестирање. За лансирање на услугата, „Спејс-Икс“ за наредниве месеци планира прво поставување на повеќе од 800 сателити.

OhridNews