Обуката која ќе се одржува секој ден претпладне и попладне опфаќа повеќе практични тренинг вежби и проверки, а во неа посебно е вклучено делувањето и справуањето при давење во вода. Исто така ќе бидат опфатени и вежби за спасување при несреќен случај на вода, реанимација на давеник или повреден вклучувајќи реанимација на дете или бебе, лице во бесвесна состојба, лице со крварење или скршеници, повреди на глава, изгореници, срцеви напади како и други стресни состојби предизвикани од епилепсија, дијабетис и слично.
Ваквата тренинг обука не само што е непходна за увежбување на содејството на пожарникарите и спасителите на вода, туку е и чекор напред во создавање вистински Центар за спасување на вода – неопходен за туристички центар во кој одмараат во одреден период и по 50-тина илајди туристи на подрачје чија брегова линија е над 30 километри од која голем дел е тешко пристапна по сувоземен пат.