„Заедно за превенција и соработка во борбата против трговија со луѓе во Западен Балкан“ е тема на конференцијата што во рамки на проектот „Граѓанските организации како контролен механизам за акции против трговија со луѓе во Западен Балкан“, што денеска ќе се одржи во Охрид.

На конференцијата што ја организира Центарот за граѓанска иницијатива од Прилеп ќе биде презентиран извештајот   за жртвите од трговија со луѓе во земјите од Западен Балкан. Исто така ќе бидат разгледани можностите за регионално партнерство помеѓу граѓанските организации, владините структури и останатите чинители.

Овој проект е финансиран од Европската Унија, Фондација Институт отворено општество Македонија преку програмите Граѓанско општество и Исток Исток – Партнерство помеѓу границите и Balkan Trust for Democracy.

OhridNews